Прилепската Саат Кула
Саат кулата во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага , висока околу 40 м.Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година.Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува: „ Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." “ Поради накривувањето на кулата, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување.