Фестивал-Пиво Фест

Фестивалот Пиво Фест е фестивал на пиво, скара, музика и забава. Фестивалот се оджува секоја година во Јуни или првите денови од Јули. Настанот е туристичка манифестација која што има 16 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност. На последната фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада.
Image result for пиво фестImage result for пиво фест

Коментари

Популарни постови са овог блога

Прилепската Саат Кула

Крале Марко