Постови

Приказују се постови за април, 2019

Прилепската Саат Кула

Слика
Саат кулата  во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од  Саид-ага , висока околу 40 м.Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година.Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува: „ Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." “ Поради накривувањето на кулата, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување.

Фестивал-Пиво Фест

Слика
Фестивалот Пиво Фест е фестивал на пиво, скара, музика и забава. Фестивалот се оджува секоја година во Јуни или првите денови од Јули.  Настанот е туристичка манифестација која што има 16 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност.  На последната фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од  Македонија  и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара . На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада.

Крале Марко

Слика
Прилип —град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија.Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко). Постои и легенда за Крале Марко и неговиот коњ по име Шарец.Во легендата коњот  се описува како   многу силен коњ кој јадел сто-ока храна и скокал од планина на планина. Има едно место Песјобраци близу Прилеп каде што има камења со стапки од Крале Марко и неговиот коњ Шарец.Тие се познаваат до ден денес. Карактеристики на Крале Марко според легендите Крали Марко е претставен како јунак кој се одликува со исклучителна физичка сила и итрина, кој со многу подвизи се става на страната на поробениот народ, но и на страна на секој што е во неволја па макар тоа да е и турскиот цар.